Home » Поминаа три недели од исчезнувањето на Лидија: Да можев, сам ќе влезев во Вардар и ќе ја барав

Поминаа три недели од исчезнувањето на Лидија: Да можев, сам ќе влезев во Вардар и ќе ја барав

by Журнал.мк

Три недели во агонија живее семејството на скопјанката Лидија Трајковска (43), на која и се изгуби траг на осми ноември, кога рано наутро излегла од својот дом и се упатила во непознат правец.

Исчезнувањето на жената, која е сопруга, мајка и баба, вработена во месара во Тинекс, а од блиските опишана како одговорна и семејна жена, на почеток беше во центарот на вниманието на јавноста. Но, како поминува времето, а од Лидија нема траг, веќе и случајот како да паѓа во заборав од пошироката јавност и се поретки се насловите во медиумите со нејзиниот случај.

Што се случило со неа, останува мистерија повеќе од дваесет дена.

Братот на Лидија, Александар Јоциќ за „Фокус“ вели дека не е задоволен од тоа како напредува истрагата. Раскажува дека семејството е во една безизлезна ситуација и прашува дали самите тие треба да ја бараат Лидија, без помош од институциите.

-Барам да се пребара детално и темелно коритото на реката Вардар, во делот каде беа пронајдени нејзините цигари и запалка. Да можев, сам ќе влезев внатре во водата и ќе барав!

Очекував да бидат испратени цели нуркачки тимови, со сонди да се пребара, да се бара константно насекаде со дронови, со кучиња трагачи! Нејасно е како една институција нема кучиња обучени за потрага по исчезнати лица. Имаат кучиња тренирани за потрага по дрога, но не и по луѓе! Дури и прашував од каде можам јас да купам дресирано куче за потраги, до толку сме во безизлезна ситуација.

Го контактирав и човекот од Охрид кој има дресирано куче за потраги, сакав да го ангажирам, но ми кажа дека истото не било во добра здравствена состојба.

Каде да се обратиме, од каде да очекуваме помош, еве не знаеме, а до денес поминаа 23 дена откако ја нема сестра ми.

На сите овие трауми, слушаме и разни шпекулации, дека наводно самата побегнала, па дека кај мене се криела… Дома кај мене дојдоа инспектори, да пребараат. Воопшто не ни се од помош шпекулациите, и без тоа минуваме низ претежок период.

Од полиција ни се немаат јавено осум дена, немаме никаква нова информација. Чекаме, се надеваме… Ако некој нешто знае, замолувам да ми се јави на мобилниот 078 431 680, вели братот на Лидија.

Од МВР за случајот изјавија дека се преземаат низа на мерки и активности, со цел пронаоѓање на исчезнатата. Последната информација од Министерството за внатрешни работи е од пред 17 дена, кога информираа дека било утврдено нејзиното движење, кога од Јурумлери се упатила кон пат кој води кон Драчево, и дека во близина на мост на реката Вардар биле пронајдени цигари и запалка, за кои нејзиниот сопруг потврдил дека се нејзини, но и џемпер, за кој сопругот кажал дека не е нејзин.

Од МВР за „Фокус“ истакнаа дека е пребарана пошироката околина, а потрагата продолжувала се до пронаоѓање на лицето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk