Home » Помалку трошоци повеќе за тебе – Мерка за намалени цени за училишен прибор и заштита на стандардот

Помалку трошоци повеќе за тебе – Мерка за намалени цени за училишен прибор и заштита на стандардот

by Журнал.мк

Замрзнати цени и намалени маржи е новата мерка на Владата со која се штити стандардот на граѓаните.

На големо, маржата e ограничена на 5%, додека на мало до 10%.

Нема екстра заработка на грбот на граѓаните.

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците.

Со оваа одлука има помалку трошоци, а останува повеќе за сите.

На овој начин се штити и стандардот на граѓаните и станува подостапен училишниот прибор.

Меѓудругото оваа учебна година беа обезбедени, за прв пат по 7 години, навремено бесплатни учебници за сите ученици.

Владата и во иднина ќе спроведува мерки за намалени маржи за трговците кои сакаат да имаат екстра заработка нарушувајќи го стандардот на граѓаните.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More