Home » Полска се двоуми дали 60 млрд. евра на ЕУ да потроши на фабрика на Џили

Полска се двоуми дали 60 млрд. евра на ЕУ да потроши на фабрика на Џили

by Lina Muslija

Планот да се изгради фабрика за електрични автомобили на Џили беше донесен со претходната влада.

Владата на Полска треба до летово да донесе одлука дали ќе го подржи планот на претходната влада да се гради фабрика за електрични возила, со помош на средствата од фондот за обнова од Европската Унија.

На земјата ѝ остануваат нешто помалку од две години рок да се потрошат близу 60 милијарди евра во заеми и грантови од ЕУ. Полска во меѓувреме отпочна со ревизија на планот како да се потрошат парите од Брисел и владата бара Унијата да го продолжи крајниот рок за проектот за електрични возила, што е познат како Изера. Името се однесува на домашната марка електрични возила што треба да се произведуваат со техниката од кинескиот холдинг Џили, каде што спаѓа и Волво.

Заедничката изградба на фабрика со Џили, коишто во 2022 година беа избрани за партнери во проектот, не било најдоброто решение, цени Јан Шишко, заменик на министерот за фондови за развој и регионална политика. Тој во интервјуто додаде и дека алтернативното решение, да се подржат проектите што веќе се во оптек, вклучувајќи производство на автобуси, исто така има недостатоци.

„На која филозофија ќе ѝ дадеме предност, се решава на највисоко политичко ниво и тоа сигурно ќе се случи надвор од овој објект, тоа е јасно,“ кажа Шишко.

Електромобилити Поланд (ЕМП) потпиша договор за користење лиценца на Џили, за платформата СЕА што е наменета за електрични возила, и замислено е да се користи за возилата на марката Изера.

Во време кога пазарот на електрични возила се соочува со ценовна војна и со затегнати трговски односи меѓу Кина и ЕУ, кинеските производители на ЕВ го прошируваат своето присуство во Европа.

„Или оваа фабрика ќе биде во Полска и Полјаците ќе ги купуваат овие автомобили произведени во Полска, или оваа фабрика ќе се најде во друга земја на ЕУ, врабитувањата ќе бидат во друга земја на ЕУ и Полјаците пак ќе ги купуваат овие автомобили од друга земја на ЕУ,“ додава заменик министерот.

Имајќи предвид дека веќе се потрошени пари на проектот, тој треба да се продолжи, но од експертите се очекува „во следните неколку недели“ да ја препорачаат вистинската формула за владата, изјави во средата министерот за државен имот Борис Будка за телевизијата Полсат Њуз.

Кинески Чери Ауто веќе потпиша договор за отпочнување со производство на автомобили во Шпанија. Мадрид годинава ќе отвори два тендери, за на компаниите да им одобри 1,7 милијарда евра во заеми и грантови за производство на електрични возила, од средствата на ЕУ за обнова по пандемијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More