Home » Полска ќе прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите

Полска ќе прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите

by Журнал.мк

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата влада ќе прогласи состојба на природна катастрофа додека се бори со разорните поплави. „По консултациите со надлежните министри и служби, наредив подготовка на уредбата на Советот на министри за воведување состојба на природна катастрофа“, напиша Туск на X.

Состојбата на природна катастрофа ѝ дава на владата поголема контрола за да ги задржи и да се справи со последиците од катастрофата, што може да вклучува ограничување на одредени слободи и права.

Локалните власти во југозападна Полска итно апелираа до жителите да ги евакуираат своите домови бидејќи поплавите се закануваат да пробијат уште една брана.

Во видео објавено на неговата Фејсбук страница, градоначалникот на Прудник во провинцијата Ополе, Гжегож Завислак, главен началник на пожарникарите и локален функционер на Прудник, апелираше до жителите на селото Мошчанка, Лак Прудничка и делови од градот Прудник (население 21.237) веднаш да се евакуираат.

„Апелот е многу сериозен, не трошете време на дилеми, мора да си заминете. Доколку браната пукне ќе ви се уништат домовите и ќе ви се загрози животот“, изјави Радослав Рошковски, локален функционер од Прудник.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk