Жителите на Тетово и околните села утре (29 мај 2025) ќе се соочат со сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН.
Без струја утре ќе бидат:
Вејце, Вешала, Шипковица, Бозовце, Бродец – целосно од 08:00 до 15:30 часот Лисец – од 09:00 до 11:00 часот (вкл. водна пумпа и Мали ХЕЦ 1, 2, 3)
Непроштено – делови кај училиштето, од 09:00 до 14:30 часот
Град Тетово – дел од ул. К.Ј. Питу, од 09:00 до 14:30 часот
Порој – делови кон с.Џермо, од 09:00 до 14:30 часот
Брвеница – дел од селото, од 09:00 до 14:00 часот
Потсетуваме граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да преземат мерки, особено оние што зависат од електрични уреди или услуги.