Home » Половина година – нов Буџет – Ребаланс уште во јуни

Половина година – нов Буџет – Ребаланс уште во јуни

by Журнал.мк

Половина година – нов Буџет. Само шест месеци по почетокот на годината, државната каса ќе добие нова рамка! Премиерот Христијан Мицкоски најави ребаланс на Буџетот до крајот на јуни, како одговор на зголемените проекти од општините и претстојните локални избори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни.

Мицкоски напомена дека сè уште не е направена анализа, но ќе се направи по што ќе се излезе со предлог пред пратениците.

– Логично е да има прераспредлба на средства во месецот што следи поради импликацијата врз буџетските средства како резултат на проектите што ги поднесоа општините на вториот повик, зашто се работи за вкупно 16 милијарди денари. За ребалансот, годинава имаме локални избори. Логично е најмалку еднаш во годината да има ребаланс. Лани тоа беше при крајот на јули, но годинава тоа ќе биде проблем зашто ќе се распишат локалните избори и затоа ќе биде најверојатно на крајот на јуни. Сè уште не е направена анализа, ќе се направи ќе се излезе со предлог пред пратениците. Важно е дека владините мерки даваат резултати, имаме дефлација два месеца по ред, раст на индустриското производство во првиот квартал единствени во регионот и едни од ретките во Европа, имаме позитивна бројка во делот на извозот во првото тромесечје, очекувам резулат што ќе ги натфрли проекциите на меѓунардоните институции во делот на растот на БДП. Има неколку параметри кои дават јасна слика на траекторијата во која макроекономски треба да се движиме и тие ќе бидат опфатени во ребалансот – истакна Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk