Home » Полошкиот регион обоен во црвено-црно пред утрешното одбележување на денот на албанското знаме

Полошкиот регион обоен во црвено-црно пред утрешното одбележување на денот на албанското знаме

by Журнал.мк

Ноемвриските празници со црвено-црни бои го зафатија речиси цел Полог, но меѓу најубаво украсените села е селото Челопек во општина Брвеница.

Во ова село се поставени повеќе од 250 знамиња, но убавината на ова село е што овде, селото Челопек е украсено со иницијатива на селската младина, кои самите ги собрале парите за украси за Ноемврискиот празник.

„Знамињата ги поставиле младите од село Челопек. Ние самите презедовме иницијатива да го украсиме селото за празникот 28 ноември и за Денот на азбуката. Поставени се повеќе од 175 знамиња, три транспаренти, две големи знамиња и сето тоа е иницијатива на младите од селото“…

„Најпрво на сите Албанци им го честитам Денот на знамето. Ова е иницијатива на младите од самото село, како во целиот свет и овде се слави, се организираа и ги поставија знамињата за овој ден“, рекоа жителите.

Младите од село Челопек утре ќе имаат прекрасен настап со црвено-црни бакли и огномет, по повод одбележувањето на националниот празник 28 ноември.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk