Home » Поло прво беше Ауди: Јубилеи на марката од Инголштат во 2024

Поло прво беше Ауди: Јубилеи на марката од Инголштат во 2024

by Журнал

Во 2024 година, марката од Инголштат ќе одбележи половина век од моделот „50“ што потоа стана Поло, потоа 75 години од основањето на Ауто Унион ГмбХ и точно 125 години, откако основачот на Ауди, Аугуст Хорх стартуваше со својоата прва компанија во Келн.

Првата генерација на Ауди А8, од годинава станува олдтајмер, затоа што одбележува 30 години откако марката со четирите прстени стартуваше со својот знаменосец. Лимузината од високата класа, произведувана во Некарсулм, ја имаше својата премиера на салонот во март во 1994 година. Техничка посебност беше каросериајта што во целост е изработена од алуминиум.

Исто така се одбележуваат 30 години на екстремниот спортски комби РС2. Моделот развиен во соработка со Порше го означи почетокот на поглавјето со моделите РС.

Други важни модели што одбележуваат јубилеј во 2024:

  • Ауди С3 (25 год.)
  • Ауди А4 (30 год.)
  • Ауди А6 (30 год.)
  • Ауди дуо (35 год.)
  • ТДИ-мотор од 2,5 литри во Ауди 100 (35 год.)
  • Ауди Спорт кватро (40 год.)
  • Ауди 100 Купе С (55 год.)
  • НСУ К 70 (55 год.)
  • ДКВ Ф 102 (60 год.)
  • ДКВ Ф 12 Родстер (60 год.)
  • ДКВ Јуниор (65 год.)

Ауди 50

Развиен како одговор на светската нафтена криза во раните 1970-ти години, Ауди 50 се појави во салоните на 26-ти октомври 1974 година. Новинарите прво го тестираа новиот модел во текот на летото, на Сардинија. Автомобилот беше малечок, но нудеше просторна кабина. „Малечкиот Ауди“ е последен модел развиен од др. Лудвиг Краус.

Во Ауди 50 се вградуваа два новоразвиени мотори, едниот од 1,1 литар со 50 КС и погон со нормален бензин, другиот 1,3-литарец со 60 КС и погон со супер бензин. Автомобилот постигнуваше солидни перформанси, а трошеше малку.

Audi 50

Уште од почетокот беше одлучено малечкиот Ауди да се произведува во фабриката на Фолксваген во Волфсбург, поради очекуваната висока продукција. Половина година по Ауди 50, во пролетта 1975 година се појави Фолкваген Поло, со поедностравна опрема и со послаб мотор.

Последниот Ауди 50 беше произведен во јули 1978 година. Првиот Поло остана на производствените линии до 1981 година, со мало моделско освежување во меѓувреме.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More