Home » Политички флерт меѓу Таравари и Филипче или потрага по нов коалициски партнер?!

Политички флерт меѓу Таравари и Филипче или потрага по нов коалициски партнер?!

by Журнал.мк

Влегуваат ли во политички флерт Филипче и Таравари откако од Бихаќка најавија дека следната недела најверојатно ќе има средба помеѓу двајцата колеги во секторот здравство еден поранешен министер а другиот се уште актуелен но средбата ќе ја базираат и од позиција на лидери на политички партии и крила.

По оладените односи на Илинденска ќе побара ли Таравари нов коалициски партнер на Бихаќка ќе биде познато наредната недела или периодот што следува. И додека партиите на големо ги тестираат можните предизборни коалиции во пресрет на локалните избори се заострува и реториката откако денеска пак ВМРО-ДПМНЕ го праша Филипче како тој можел да говори за иднината на земјата ако како што велат поседува златна виза од друга земја.

Со критики кон СДСМ денеска и лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски кој го впери прстот кон Филипче дека е исплашен од како што рече рапидото растење на ЗНАМ поради незадоволството на членството во Бихаќка.

Од СДСМ пак и денеска како и изминатите денови му порачуваат на Димитриевски да не се крие позади политиканство и празни политички пресконференции туку да одговори на прашањата за политичкиот дил вреден 350 илјади евра кој го направил со советниците од ДУИ и дали на повидок е нова коалиција.

– Максим Димитриевски кој со полна уста говореше дека државата е полна со криминал поради ДУИ сега истиот тој прави криминали со помош на советниците на ДУИ. ЗНАМ е во политиката поради две причини. Прво да биде продолжена рака на Мицкоски и второ Димитриевски да си ги спроведува криминалните проекти во општина Куманово.

Првиот интегративец Ахмети пак вчера од Струга со пораки до македонските политичари но и најави политички земјотрес за актуелната Влада кој како што рече Таравари добро го предвидел и затоа ја напушта власта .

– Господинот Таравари добро направи што го напушти тоа и го истражи земјотресот што ќе се случи. Тој ги почувствува големи неправди кои нè вратија 20 години назад, напуштајќи го партнерството. Браво! Но, дури и оние што остануваат, не остануваат, бидејќи ќе останат во тунелот. Нека си одат што е можно поскоро! Трагедијата е што по толку години, македонските политички сили ја применија формулата на Милошевиќ врз чесните Албанци. – Али Ахмети Претседател на ДУИ.

Изминатите денови политичкиот фокус особено е ставен на евентуалните нови преструктуирања во владината коалиција, но и што евентуалното заминување на Таравари ќе значи. Власта тврдеше дека парламентарното мнозинство е стабилно и без таравари иако тоа пак под сериозен знак прашалник го става бадентерот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk