Home » Полицискиот час останува на сила во Лос Анџелес, Трамп најавува масовни депортации

Полицискиот час останува на сила во Лос Анџелес, Трамп најавува масовни депортации

by Журнал.мк

Полицискиот час останува во сила во неколку населби во центарот на Лос Анџелес. Белата куќа повторно ги критикува властите во Калифорнија за неспособноста да воспостават ред по масовните протести. Градоначалничката Карен Бас најави дека полицискиот час ќе трае сè додека е потребен.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека испраќањето на Националната гарда и маринците спречило поголем хаос во Лос Анџелес. „Земјата повторно си ја враќа силата. Ако не дејствував, Лос Анџелес ќе гореше“, рече Трамп. Администрацијата најави продолжување на политиката за масовна депортација, што претседателот претходно ја вети на јавноста.

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, изјави дека протестите во другите делови на САД минуваат главно мирно, иако незначително малцинство се обидува да предизвика насилства.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум ги негираше тврдењата на САД дека Мексико поддржува насилни протести, потенцирајќи дека мексиканските граѓани имаат право на мирен протест, особено оние со двојно државјанство.

Во Конгресот, демократите повикаа на блокирање на новиот предлог-закон на Трамп кој предвидува трилионски даночни олеснувања, зголемени трошоци за одбраната и дополнителни средства за депортации. Претседателот веќе најави планови за депортирање од 15 до 20 милиони луѓе кои илегално живеат во САД.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk