Home » Полициска акција во Велес: Пронајдени кокаин и над 30.000 евра

Полициска акција во Велес: Пронајдени кокаин и над 30.000 евра

by Журнал.мк

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес спроведоа заедничка и координирана истрага против лица за кои постојат информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29.11.2024 и за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица.

Како дел од истрагата, денеска (11.06.2025), со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко.

Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата, станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес.

За време на претресите биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37.000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Исто така, во текот на денот СВР Велес ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице по член 215 од Кривичниот законик.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk