Home » Полицијата во Тетово за еден ден казни 91 возач

Полицијата во Тетово за еден ден казни 91 возач

by Журнал.мк

Во текот на вчерашниот ден (21-април) на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 102 возачи (ТЕ-91 и ГВ-11) за пречекорување на максимално дозволена брзина. Исто така биле санкционирани и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-5).

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината според условите на патот, односно да ја прилагодат според ограничувањата пропишани со закон и сообраќајни знаци, да ги паркираат нивните возила само на места наменети за тоа и на тој начин најнепосредно да придонесат за нормален и проточен сообраќај, и за личната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk