Home » Полицијата во Тетово истражува 62-годишен маж за узурпација на 3.000 метри квадратни државно земјиште

Полицијата во Тетово истражува 62-годишен маж за узурпација на 3.000 метри квадратни државно земјиште

by Журнал.мк

Тетовската полиција истражува 62-годишен маж за узурпирање државно земјиште. Станува збор за узурпација на најмалку 3.000 метри државно земјиште во близина на Градскиот базен во Тетово. Според СВР Тетово, осомничениот изградил и објект без одобрение за градба и го опколил предметното место.

„На просторот помеѓу градскиот базен и старата техничка контрола, при што е констатирано дека лицето З.К., 62 години од Тетово, извршило узурпација на државно земјиште со површина од над 3000 метри квадратни каде има изградено и објект 15 на 15 и истото земјиште го оградил со мрежа. Преземени се сите мерки и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветна тужба“, рече Фатмир Реџепи, Портпарол на СВР Тетово.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, вели дека зад узурпацијата на земјиштето стои организирана група, која вклучува лица од Основниот суд, поранешната општинска администрација и геодет. Според Касами, имотот бил узурпиран од две лица.

„Тоа е класична злоупотреба на сите претендирања што ги имаат, немаат договор со општината, но дури и тврдењето за овој простор не стои дека никој не го одржува и не се грижел за него. За жал, постојат сомневања за злоупотреба бидејќи во 2014 година, кога беше дадено во поседување, никој не реагирал да го земе во поседување“, рече Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

По потврдувањето на случајот од страна на Општинскиот инспекторат, на осомничените им била испратена наредба да го ослободат предметниот простор и да го вратат во претходната состојба, но не ги послушале законските забелешки на инспекторатот. Присвојувањето на земјиштето и интервенцијата со градби се вршело се додека обвинетите не поднесоа барање до судот за негово поседување со образложение дека го користеле 20 години. Истото земјиште со одлука на Владата е доделено на Општина Тетово во 2014 година. Оттогаш и од почетокот на постапката во судот, поранешната општинска администрација на Тетово не реагирала. Касами рече дека неговите правни служби се пожалиле до судот и побарале земјиштето да се врати во сопственост на општината.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk