Home » Полицијата вчера напишала 622 казни, 111 за брзо возење

Полицијата вчера напишала 622 казни, 111 за брзо возење

by Журнал.мк

Вчера во текот на планските сообраќајни контроли на патиштата низ државата за прв пат е евидентирана бројка од дури 31 случај на минување на црвено светло од страна на возачите, што е далеку од досегашниот статистички просек за оваа категорија сообраќаен прекршок регистриран на дневно ниво од страна на полициските службеници.

Инаку, од вкупно издадените 622 платни налози вчера, дел односно 58 се однесуваат на непоседување возачка дозвола, потоа изречена е 41 мерка за користење мобилен телефон при возење, 30 санкции за некористење сигурносен појас, а санкционирани се и 12 возачи на мотоцикл за неносење заштитен кацига.

Во пет случаи евидентирано е возење под дејство на алкохол, а изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Најголемиот број на издадени прекршочни платни налози и натаму се однесува на неприлагодената брзина на движење 111, и на непрописното паркирање 184. Воедно, согласно Законот за возила, во пет случаи отстранети од сообраќај се пет возила заради техничка неисправност и уште 15 возила заради тоа што биле нерегистрирани.

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на претстојниот викенд во рамки на кој е одбележувањето на 8-ми Март, со оглед на очекуваната зголемена динамика на сообраќај, особено на помладите категории граѓани, уште еднаш апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално и совесно почитување на сообраќајните правила и прописи а пред се во интерес на личната безбедност на сите учесници во сообраќајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk