Дваесет и деветгодишен маж од прилепското село Канатларци бил приведен вчера поради сомнение дека предизвикал пожар.
„Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема“, информираат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.