Home » Полицијата преку мегафон повика граѓаните да останат дома

Полицијата преку мегафон повика граѓаните да останат дома

by Журнал.мк

Жителите на областа Валенсија на југоистокот на Шпанија, која беше силно погодена од драматични поплави на почетокот од минатата недела, денеска беа итно повикани да се вратат во своите домови поради опасност од нови силни врнежи.

Полицијата преку мегафон ги повика граѓаните да се вратат во своите домови.

Националната метеоролошка агенција издаде нов црвен метео аларм за јужниот дел на Валенсија за периодот помеѓу 18 и 23 часот, со можни врнежи од 90 литри на квадратен метар, односно девет сантиметри за еден час.

Во таа шпанска област повеќе од 200 луѓе загинаа за време на поплавите во вторникот, а илјадници останаа без домови и имот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk