Home » Полицијата почна да приведува заради возење под дејство на алкохол, 21 годишник заврши во станица поради 1.7 промили алкохол, ќе одговара по член од кривичниот законик за безобзирно управување

Полицијата почна да приведува заради возење под дејство на алкохол, 21 годишник заврши во станица поради 1.7 промили алкохол, ќе одговара по член од кривичниот законик за безобзирно управување

by Журнал.мк

Приведено лице од Пробиштип поради управување возило под дејство на алкохол. МВР соопшти дека утрово во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип – Кочани, кај селото Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници лишиле од слобода лице(21) од Пробиштип.

При контрола во патниот сообраќај, според МВР, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk