За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје, од запрените возила кај 20 возачи е утврдено дека немаат возачка дозвола, Најмногу казни се изречени за брзо возење, но и за возење под дејство на алкохол.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на засилените акциски контроли на територијата на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за возач почетник.
Полицијата предупредува дека и во наредните денови ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.