Вчера во 21.30 часот кај клучката за с.Тумчевиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Р.(20) од с.Топлица, гостиварско, Е.С.(33) од с.Добридол, гостиварско, Р.С.(34) од с.Инџиково, скопско и В.А.(26) од с.Грчец, скопско.
Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и при преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.