Home » Полиција заплени над тон и пол марихуана

Полиција заплени над тон и пол марихуана

by Журнал.мк

Полицијата синоќа во координирана акција со комисијата за канабис во една од од регистрираните компании во Струмица заплени околу 1,5 тони непријавена марихуана. Според проценките на МВР, запленетата марихуана од правниот субјект во Струмица чини околу 3 милиони евра, соопшти Министерот Оливер Спасовски.

Поради констатирани неправилности во работењето на правниот субјект, запленета е непријавена марихуана во вредност од колу 3 милиони евра со вкупна тежина од над 1,5 тони. Ова е уште еден показател дека бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на шверцот со наркотици продолжува со засилено темпо.

Во земјава се отворија многу фирми кои дејствуваат на ова поле, а станува збор за чувствителен бизнис за кој мора да се дорегулира законот за можноста за злоупотреба да се сведе на минимум, вели Костадин Дуковски претседател на здружението на производители за медицински цели. Комисијата според него нема доволно човечки ресурси да ја контролира дејноста, па вели, потребно е што побргу да се формира агенција за канабис, задолжена само за овој бизнис.

Секогаш ќе има злоупотреби, но да гледаме со системско решение што помалку да има злоупотреби и да направиме добра превенција на законот. Тоа значи дека треба да се екипираат повеќе екипи, повеќе луѓе кои што ќе вршат контрола, една при пријавување на насад и после на собирање за да може комисијата да излезе на терен да ја констатира фактичката состојба, така што начини на превенција имаме и можеме да имплементираме од нас зависи колку сме спремни да го сработиме тоа.

Во текот на ноќта, во друга акција запленети се уште три торби со марихуана, тешки 50 кг во вредност од 200.000 евра. Тие биле пренесувани во возило со струмчки таблички, а од полицијата уапси две лица.

Ова не е прва акција на МВР, лани во соработка со американската ДЕА во прилепско беше запленет канабис во вредност од 800.000 евра, а приведен беше и полициски командир. Додека пак од магацин во Валандово беа украдени 2 тони марихуана, кои потоа беа пронајдени во скопско Арачиново.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More