Полициските службеници во текот на вчерашниот ден на 796 учесници во сообраќајот им издале платни налози, а наплатени биле 500 казни за прекршоци во сообраќајот.
Дури 145 од овие случаи биле за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Полициските службеници откриле и 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, а во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи.
Регистрирани се и четири случаи во кои возачите поминале на црвено светло а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила.
Во однос на прекршоците по основ на говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани биле 31 прекршок.