Home » Погрижи се меѓународната заедница да не ја заборави смртта на твојот сопруг

Погрижи се меѓународната заедница да не ја заборави смртта на твојот сопруг

by Журнал

Смртта на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, треба да ги охрабри западните земји да преминат од зборови на дела кога е во прашање режимот на Владимир Путин, изјави во интервју за агенцијата „Франс прес“ вдовицата на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко, кој беше отруен во 2006 година.

Нејзиниот сопруг Александар Литвиненко, агент на КГБ, а потоа и на ФСБ, беше во егзил во Обединетото Кралство кога почина на 43-годишна возраст на 23 ноември 2006 година, дваесет дена откако беше отруен со полониум 210, екстремно токсичен радиоактивен материјал.

– Многу добро разбирам како може да се чувствува Јулија Навални по она што му се случи на нејзиниот сопруг. Тоа беше многу тажен ден, не само за семејството на Алексеј Навални, неговата сопруга, син и ќерка, туку и за многу Руси кои сонуваат за подобра иднина на својата земја – рече таа емотивно.

Марина Литвиненко, која долго време се бореше да ги разјасни околностите на смртта на нејзиниот сопруг, ја повика вдовицата на Навални да се погрижи меѓународната заедница никогаш да не ја заборави смртта на нејзиниот сопруг.

– Единствениот начин да и се помогне на руската опозиција да го собори режимот на Путин е да се поддржи Украина – рече таа, верувајќи дека само украинската победа може да ги „охрабри руските граѓани да бараат промени“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More