Илјадници граѓани и светски лидери му оддадоа последна почит на духовниот водач на Римокатоличката црква папата Франциск кој беше погребан денеска. Погребната церемонија започна утрово во 10 часот на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Ковчегот на раце беше изнесен од базиликата Свети Петар. На погребната миса присутни 200.000 луѓе на повеќе од 220 кардинали и 750 бискупи, над 50 светски лидери. Американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија, францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и британскиот престолонаследник Вилијам. На погребот на папата Франциск беше и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Погребна миса ја предводеше италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре.
– Господе, слушни ги молитвите на твоите луѓе. И земи го крај себе папата Франциск. Богат со човечка топлина и длабоко чувствителен на денешните предизвици, навистина ги сподели грижите, страдањата и надежите на ова време. – Џовани Батиста Рекардинал.
Градете мостови, а не ѕидови“ беше поттик што папата Франциск го повторуваше тој многу пати. Илајдници граѓани од различни земји се собраа да му оддадат последна почит на папата Франциск. Човекот кој се бореше за луѓето, а не за моќта.
– Ние сме многу среќни што сме овде, иако не можеме да бидеме блиску до телото на папата, но овде сме вистински присутини дури и емотивно. Сакаме да ја покажеме нашата љубов кон папта Франциск.Ова единствениот начин да ја искажеме нашата љубов и молитви кон него. Иако не е со нас повеќе сега од рајот ќе не чува сите.
– Тука сме да оддеме почит на овој голем човек кој го сакавме и секогаш ќе го сакаме.
На своето последно патување во папамобилот низ центарот на Рим, папата Франциск не беше сам. Десетици илјади луѓе стоеја и аплаудираа на околу шест километри долгата траса до базиликата Санта Марија Маџоре, каде што папата сакаше да биде погребан. Ковчегот го пречекаа членови на маргинализирани групи и сиромашни лица кон кои Франциск беше особено наклонет.
Папата Франциск имаше харизма на човек кој беше отворен и умееше да сослуша, а посебно внимание посветуваше на луѓето во неволја и неуморно се залагаше за нив. Беше папа кој живееше меѓу луѓето. Тој е првиот папа погребан во едноставен дрвен ковчег надвор од Ватикан по повеќе од еден век. На неговата надгробна плоча наместо титулата која ја носеше стои само името Франциск. Денот на погребот го означува почетокот на деветдневната официјална жалост. Кога ќе поминат тие девет дена, значи по 4 мај, а најдоцна до 11 мај ќе започне – Конклавата, изборот на нов папа.