Home » Поголемиот дел од Тетово вчера изутрината остана без струја

Поголемиот дел од Тетово вчера изутрината остана без струја

by Журнал.мк

Поголемиот дел од Тетово вчера изутрината остана без струја. Според информациите од Електродистрибуција при ЕВН околу 9 часот настанал дефект на 110КВ трафостаница „Тетово1“. Ова беше причина поголемиот дел од централното градско подрачје со околу 5.000 корисници да остане без струја сè до 14 часот. Струјата дојде, но, за кратко бидејќи веќе во 16 часот се случи нова хаварија.

Овојпат на 20 КВ кабел на изводот од трафостаницата „Тетово 1“. Тогаш околу 3.800 корисници кои живеат на потегот од градскиот пазар па сѐ до касарната во Тетово, останаа без СТРУЈА до полноќ, со што немаа струја вкупно 14 часа во текот на вчерашниот ден.

„Ние како Општина добивме информација дека една трафостаница која го снабдува половина од градот изгорела и требало да се интервенира“, вели градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Вчера и општинската зграда беше без струја.

Ова не е првпат Тетово повеќе часови да остане без струја. Во септември 2024, исто така поради дефект на трафостаница, во делови од градот немаше струја 30 часа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk