Home » Поглаварот на Римокатоличката црква се уште е во критична состојба, му откажуваат бубрезите, објави Ватикан

Поглаварот на Римокатоличката црква се уште е во критична состојба, му откажуваат бубрезите, објави Ватикан

by Журнал.мк

Папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи, соопшти денеска Ватикан.

Анализите направени во римската болница Гемели во саботата покажаа дека папата и понатаму е во критична состојба и е во почетна фаза на откажување на бубрезите, но лекарите процениле дека е под контрола.

Ватикан во неделата соопшти дека папата нема нови респираторни кризи од саботата навечер, но дека продолжува да добива дополнителен кислород.

Папата од 14 февруари се наоѓа во римската болница Гемели, каде што беше примен поради билатерална пневмонија.

Лекарите потврдија дека папата е особено подложен на белодробни инфекции бидејќи како млад страдал од плеврит и хируршки му бил отстранет дел од белите дробови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk