Home » Поднесено обвинение, украл три лаптопи од канцеларијата на градоначалникот Стефковски

Поднесено обвинение, украл три лаптопи од канцеларијата на градоначалникот Стефковски

by Журнал.мк

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за тешки кражби, а во еден наврат украл три лаптопи од канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Главна цел на развојникот биле канцелариите на оваа општина, но упаднал и во природно-математичкиот и во шумарскиот факултет кои се на територијата на Гази баба.

„Од август 2024 до април годинава осомничениот 48-годишник продолжено во повеќе наврати вршел кражби во канцеларии на општина Гази Баба. Најпрво на почетокот на август 2024 насилно откорнал метална решетка на прозорец и од кацеларија на службеникот за внатрешна ревизија одзел лаптоп компјутер вреден 18.000 денари. Потоа, неколку дена подоцна, насилно отворил друг прозорец и од канцеларијата на градоначалникот одзел уште три лаптопи во вкупна вредност од 74.000 денари. Во април годинава, повторно насилно влегол во една од бараките, пребарувал и одзел лаптоп, бормашина и други предмети, вредни вкупно 41.100 денари.

На 19 април 2025 осомничениот насилно ја отворил влезната врата на Миколошката лабораторија на Природно-математичкиот факултет и одзел вкупно шест лаптоп компјутери и 500 денари, односно вкупната вредност на одземените предмети е 208.576 денари.

Два дена подоцна осомничениот насилно влегол и на Шумарскиот факултет, пребарувал во два кабинети и во читалната, но од непознати причини се откажал од намерата и без да земе ништо го напуштил местото на настанот“, информира ОЈО.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk