Home » Подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење: Обвинителството за сообраќајката во која загинаа три лица, а осум се повредени

Подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење: Обвинителството за сообраќајката во која загинаа три лица, а осум се повредени

by Журнал.мк

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.

Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.

– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.

Сообраќајната несреќа се случи меѓу Кичево и селото Трапчин Дол и во неа, како што синоќа за МИА изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, учествувале три возила.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk