Home » Подигнати 55 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир и Центар

Подигнати 55 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир и Центар

by Журнал.мк

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортира приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар.

Најголемиот дел од активностите се одвиваа во скопската општина Чаир, каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Оваа локација претставува таканаречена „црна точка“ каде што веќе подолг период континуирано се одлага отпад на јавни или сообраќајни површини. Во оваа скопска општина е интервенирано и на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улицата Цветан Димов, при што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и приближно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложен долж улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk