Home » Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош

Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош

by Журнал.мк

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на изминатото деноноќие исчистиле повеќе диви депонии во скопските општини Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош, при што се подигнати и транспортирани околу 42 кубни метри отпад.

Како што информира „Комунална хигиена“ – Скопје, дел од активностите се одвивале на улицата „1615“ во општина Аеродром, во близина на Џевахир холдинг, каде била отстранета дива депонија составена од 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад.

Интервенирано е и на улицата „Доситеј Обрадовиќ“ во општина Кисела Вода, каде се подигнати околу седум кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања, како и на улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“ во општина Чаир, каде се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.

Екипите на претпријатието, во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Јуриј Гагарин“, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ во скопската општина Карпош, стои во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk