Home » Подарок за осмо дете: Комичарот Ник Кенон доби машина за кондоми

Подарок за осмо дете: Комичарот Ник Кенон доби машина за кондоми

by Журнал.мк

Американскиот комичар, актер, рапер и телевизиски водител, Ник Кенон, добил на подарок автомат за кондоми, откако објавил дека ќе го добие осмото дете.

Минатата недела 41-годишникот во своето шоу „The Nick Cannon Show“ откри дека ќе го добие осмото дете со манекенката Бре Тиси, а денес се пофали со подарокот на својот Инстаграм профил, без да открие кога го добил.

„Изгледа некој порано ми испрати подарок за Денот на вљубените! Митралез полн со Magnum (марка кондоми)“, сподели комичарот. Бројот на деца, но и комплицираниот љубовен живот често се предмет на шеги и на интернет корисниците и на другите познати личности. Кенон зад себе има само еден брак, а со четири сопруги имал седум деца, додека со петтата партнерка го чека осмото.

Тој беше во брак со пејачката Мараја Кери, со која ги имаше близнаците Монро и Марокан Скот, од 2008 до 2016 година. Тој имаше две деца со манекенката Британи Бел, синот Голден во февруари 2017 година и ќерката Пауерфул Квин (буквално преведена како Моќната кралица), во декември 2020 година. Со неговата тогашна партнерка Аби де ла Роса, тој ги доби близнаците Зион и Зилион на 14 јуни 2021 година, а со манекенката, Алиша Скот, на 23 јуни го доби синот Зен, кој почина набрзо потоа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More