-9 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Pocophone F2 конечно би можел да пристигне следната година

Најчитани вести

Подбрендот на Xiaomi, Pocophone на пазарот дебитираше во август минатата година, со Pocophone F1 смартфонот. Уредот од стартот постигна голем успех, благодарение на спецификациите од премиум сегментот и ниската цена.

Фановите, но и медиумите очекуваа оваа година да се појави наследникот на Pocophone F1 моделот. Имаше дури и гласини за тоа дека Xiaomi во Индија ќе ги претстави Redmi K20 моделите како Poco F2, но тоа не се случи.

И натаму не е познато кога точно Pocophone брендот ќе го добие својот следен телефон, но официјалното лице на компанијата Алвин Тсе истакна дека повеќе информации ќе имаме во текот на следната година.

Ова сугерира дека наредниот Pocophone премиум телефон би можеле да го видиме во текот на 2020. година, а тоа би можел да биде токму Pocophone F2.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести