Home » Почуствувана серија земјотреси во преспанското епицентрално подрачје

Почуствувана серија земјотреси во преспанското епицентрално подрачје

by Журнал

Во изминатото деноноќие, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 12.01.2024 година регистрираше серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почуствувани од страна на граѓаните, извести Сеизмолошка опсерваторија во Скопје.

Првиот земјотрес од оваа серија беше регистриран во 00 часот и 32 минути, чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

Вториот земјотрес се случи во 01 часот и 31 минути, чиј епицентар се наоѓа 124 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, додека третиот земjотрес е во 01 часот и 33 минути, чиј епицентар се наоѓа на 123 km југозапдно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет II-III степени според Европската макросеизмичка скала.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More