Од овој месец почнуваат анкетите на терен за евентуалните имиња со кои Владината коалиција би излегла на локалните избори откако денеска премиерот Христијан Мицкоски посочи дека внатрепартиските и внатрекоалициските списоци се финишираат иако како што рече и надвор од тие списоци како лидер на најголемата партија во владата има ингеренции да предложи луѓе кои исто така ќе се најдат на анкетите . Сепак конкретни имиња не сакаше да открие.
Од ВМРО ДПМНЕ веќе посочија дека во секоја општина ќе номинираат свој кандидат а пак
владините коалициски партнери ВРЕДИ кои најверојано ќе настапат со заеднички лисити исто така очекуваат поддршка од Мицкоски во вториот круг од изборите. Интересно ќе биде и во Куманово каде владиниот коалициски партнер ЗНАМ очекува поддршка од ВМРО ДПМНЕ.
Опозициската СДСМ пак исто така финишираат со анкетите . Во последното гостување на ТВ 24 потпретседателката на партијата Ана Чупевска не откри конкретни имиња но посочи дека тоа ќе биле квалитетни кадри не само за Скопје туку и за сите општини во земјава каде веќе биле на терен.
Локалните избори оваа година треба да се одржат во октмоври на кои граѓаните ќе треба да изберат нови градоначалници и општински совети . Како можни датуми се спомнуваат 19 ти и 25 ти октомври а главни теми во кампањата се очекува да бидат загадувањето на воздухот, јавниот превоз, зеленилото, јавната чистотата, состојбите во училиштата, градинките, урбанизацијиа и многу други теми кои се под надлежност на локалните власти.