Home » Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението

by Журнал.мк

Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Претседателот на Комисијата за заразни болести доктор Петличковски информираше дека вакво тестирање било направено пред една година и тоа покажало дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет, кој се должел исклучиво на прележаната болест.

Министерот за здравство Беким Сали најави серолошка анализа на целата територија на државата, најмногу поради тоа што омикрон сојот дава полесна клиничка слика и голем дел од позитивните не отишле на ПЦР тестирање, туку го потврдиле на брз тест и го прележале во домашни услови.

Вакцинацијата се уште оди со бавно темпо. Имунизирани се 41 процент од луѓето, но врз основа на истражувањето, според министерот, можно е да се покаже дека сме 60 проценти имунизирани на природен начин.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More