Со пет натпревари денеска почнува новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија. Актуелниот шампион Пелистер одбраната на трофејот ја почнува со незгодното гостување во Кавадарци против екипата на Тиквеш.
Утре во дербито на воведната рунда освојувачот на Суперкупот на Македонија, Алкалоид на домашен терен во спортската сала во Автокоманда ќе го пречека двократниот европски шампион Вардар.
Интересно се очекува да биде и во Прилеп каде домашниот состав ќе го пречека Тинекс Пролет. Охрид ќе му гостува на Радовиш, додека Бутел ќе го пречека Куманово. Струга на домашен терен ќе игра против новиот суперлигаш Бисинов Фруит.
1. КОЛО
САБОТА
15.00 Бутел Скопје – Куманово
16.00 Струга – Бисинов Фриут Ленд
18.30 Прилеп – Пролет 62
19.00 Радовиш – Охрид
19.00 ГРК Тиквеш – Е. Пелистер
НЕДЕЛА:
19.00 Алкалоид – Вардар 1961