Home » Почнува пролетниот дел од ПМФЛ, дерби на “Градски” и во Чаир

Почнува пролетниот дел од ПМФЛ, дерби на “Градски” и во Чаир

by Журнал.мк

Средината на февруари и оваа година е закажана за стартот на вториот дел од фудбалската сезона во Македонија. Второлигашите веќе го одиграа првото пролетно коло, а денес на фудбалските терени ќе истрчаат прволигашите – од 14:00 часот ќе се одиграат сите шест натпревари од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Многу екипи направија драстични промени во своите играчки кадри. Вардар зимава доби нов лик, големи промени имаше и во таборите на Брера, Гостивар, Струга, Беса, Тивеш.., додека „најмирни“ беа Силекс и Шкендија.

Првото пролетно коло треба да ни донесе многу возбудувања и едно големо дерби. Сите очи на јавноста ќе бидат вперени кон Арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде ќе играат некогашните ривали за титула, Вардар и Шкендија.

Голема битка ќе се води и во Маџари, каде амбициозниот Гостивар ќе го пречека шампионот Струга Трим Љум.

Ова коло ни носи и градско дерби меѓу Шкупи и Работнички, додека лидерот Силекс ќе се сретне со засилениот Тиквеш.

Во Битола на Пелистер ќе му гостува „новата“ Брера, додека во Охрид екипите на Воска и Беса го играат дербито за опстанок. Сите натпревари се играат од 14:00 часот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk