Home » Почнува Канскиот филмски фестивал

Почнува Канскиот филмски фестивал

by Журнал.мк

Во Кан, Франција, утре почнува 77 Меѓународен филмски фестивал. Годинава во Кан е значајно тоа што се враќаат свезди како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Катрин Денев, додека за главната награда „Златна палма“ ќе се борат 22 остварувања.

Фестивалот ќе трае до 25 мај. Во трката е и „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола, со којшто познатиот режисер се враќа во Кан 45 години по „Златната палма“ за култниот „Апокалипса сега“.

На списокот се најде и филм на режисерот Жак Одијар, добитник на „Златната палма“ од 2015 година. Тој годинава ќе се натпреварува со „Емилија Перез“ – жанровски определен како криминалистички мјузикл, со Селена Гомез во главната улога.

Во конкуренција за „Златната палма“ е и филмот на прогонетиот руски режисер Кирил Серебреников – „Лимонов“, како и „Видови љубезност“ на Јоргос Лантимос.

Режисерот Кристоф Оноре ќе се натпреварува со филмот „Марчело мио“ – посветен на Марчело Мастројани, кој почина во 1996 година, а годинава се одбележува 100-годишнината од неговото раѓање. За него ќе зборуваат Катрин Денев и ќерка му Кјара Мастројани.

Мерил Стрип (74) ќе добие почесна „Златна палма“ на свеченото отворање на фестивалот. Оваа година и креаторот на брендот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас ќе биде почестен со „Златна палма“, како и продукцијата „Студио Гибли“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседател на жирито годинава е Грета Гервиг, американската независна режисерка чијшто филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More