Home » Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

by Журнал.мк

Со претрес по амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година, денеска треба да продолжи комисиската расправа во Собранито.

Расправата за Буџетот за следната година на собраниската Комисија за финансирање и буџет трае 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница. За Предлог–буџетот за 2025 година се поднесени вкупно 308 амандмани од кои 204 од опозициската СДСМ. Согласно законот, Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември.

На четвртиот ден од собраниската комисиска расправа со кој вчера беше исцпрен општиот претрес, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите околу Предлог-буџетот за 2025 година. Според едните, буџетот е развоен, домаќински и базира на дисциплина, мерење резултати, анализи, проверки и стратешко планирање, а според другите е нереален, покажува немање визија и треба да се врати на доработка во Владата.

Љупчо Николовски од СДСМ во попладневниот дел од расправата ги повика колегите пратеници да зборуваат конструктивно, со аргументи, во насока на, како што рече, подобрување на предложениот буџет. Дебатата, оцени, е сведена на деградирања, омаловажувања, обвинувања и на тоа кој како ги изгубил изборите, наместо на изнесување факти и суштина.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во излагањата, генерално, ги повторуваа бројките проектирани со Предлог-буџетот, изнесуваа и обвинувања на сметка на претходната власт. Уште еднаш беа спомнати и покачувањата на платите и пензиите, подобрувањето на стандардот на студентите, инвестициите во образованието, здравството, инфраструктурата,…

Со Предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk