Во Берлин вечерва почнува 74 Меѓународен филмски фестивал Берлинале, на којшто 20 филмови се натпреваруваат за главната награда „Златна мечка“.
Фестивалот ќе го отворат филмовите „Ваквите мали нешта“ (Small Things Like these) во режија на Тим Милантс и „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) со глумецот Килијан Марфи – инаку фаворит за престижниот Оскар за неговата улога во филмот „Опенхајмер“.
На листата се и корејскиот „Потребите на патникот“ (Yeohaengjaui Pilyo) со познатата Изабел Ипер во главната улога и „Кујна“ (La Cocina) на мексиканскиот режисер Алонсо Руизпаласиус, со глумицата Руни Мара.
Во натпреварувачкиот дел ќе биде прикажан и „Мојата омилена торта“ на иранските режисери Маријам Могадам и Бехтапа Санеха, на кои иранските власти им забранија да патуваат во германскиот главен град.
Познатиот режисер Мартин Скорсезе ќе добие почесна Златна мечка.
Наградите ќе бидат доделени на 24 февруари, ден пред затворањето на фестивалот, од страна на жирито со коешто претседава кениско-мексиканската глумица Лупита Њонг’о.