Home » Почна загадувањето на воздухот – најзагадено во Скопје, Кичево, Струмица…

Почна загадувањето на воздухот – најзагадено во Скопје, Кичево, Струмица…

by Журнал.мк

Вечерва на некои места низ Македонија можеше да се забележат енормни зголемувања на загаденост на воздухот.

Најалармантно беше во Скопје, каде мерната станица во Лисиче измери најголема загаденост, односно 197 милиграми ПМ10 честички на метар кубен.

Кичево и Струмица се на второто и третото место по зголемена загаденост, а на листата меѓу најзагадени се најдоа и Велес, Кавадарци и Тетово.

Македонија е позната по екстремно загаден воздух, особено во зимските месеци кога температурите се ниски.

Загаденоста на воздухот може да ја следите на следниот линк.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk