Во Владата се одржува средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Пред состанокот со премиерот, лидерот на СДСМ изјави дека очекува конструктивен разговор и оти е внимателен оптимист.
„Искрено очекувам конструктивен разговор. Навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш“, нагласи Филипче и кажа дека жали што вчера одредени политички партии се обиделе да уфрлат некаква етничка димензија и дека тоа апсолутно го демантира.
На социјалните мрежи се огласи и премиерот Мицкоски.
„Средба каде разговараме за актуелните случувања, и од која сакам да се знае дека одговорност, мудрост и чесност ѝ се повеќе од потребни на Македонија“, стои во објавата на Мицкоски.
По средбата се очекува изјава на лидерот на опозициската СДСМ, додека од Владата најавија соопштение од средбата.