Во Италија денеска почна дводневен штрајк на вработените во националните железнички компании (ФС) Трениталиа, Трениталија Тпер и Тренорд, јавува Анса.
Според информациите, штрајкот почна во 03:00 часот и ќе продолжи до 02:00 часот во понеделник.
Италијанските железници предупредија дека штрајкот може да влијае на железничкиот сообраќај и „да доведе до евентуално целосно и делумно откажување на возовите на компаниите Фрече, Интерсити и Трениталиа риџинал“.
ФС најави дека се очекуваат промени во услугите по завршувањето на штрајкот. Патниците се поваки да се информираат пред да одат до станицата или да го одложат своето патување.