Home » Почна протестот во Пошта

Почна протестот во Пошта

by Журнал.мк

Од 08:00 часот, почна протест пред Македонска Пошта од страна на Синдикалните организации. Протестот е најавен да трае до 10 часот. Преку овој протест, се бара исплата на плата за минатиот месец и решение за состојбата во компанијата.

„Поради алармантноста на состојбата и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојувањето и иднината на Поштата и работните места“, стои во најавата за протестот од Синдикатот на Македонска пошта.

-На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, вели претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More