0.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПочна дигиталното регистрирање на границите, но само на барање на патниците

Почна дигиталното регистрирање на границите, но само на барање на патниците

- Advertisement -spot_img

Без долги редици, чекања и гужви на граничните премини со Грција и Бугарија – од викендов почна со работа новиот систем за електронско регистрирање за влез и излез во 29-те земји членки на Шенген-зоната. Повеќе нема печатирање во пасошот – туку при прв влез в ЕУ на патниците им се земаат отпечатоци од прсти и се фотографираат. Секое влегување на македонските граѓани во Бугарија или Грција, се евидентира дигитално, како дел од новиот безбедносен „Ентри–Егзит“ систем на Европската Унија.

Од МВР велат дека од системот се иземени само граѓаните кои патуваат во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, а на лицата под 12 години не им се земаат отпечатоци од прсти. Секоја земја членка ќе го користи на најмалку еден граничен премин, а постепено ќе се зголемува бројот на премини, се до постигнување целосна оперативност на сите гранични премини.

„Овој систем ќе регистрира лични податоци, вклучувајќи слика на лицето и отпечатоци од прсти, податоци од патниот документ, како и информации за влез, излез и евентуално одбивање на влез на државјани на трети земји кои ја преминуваат надворешната граница на Шенген-зоната“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Од Северозападната стопанската комора велат дека по започнувањето со примена на системот, нема застои и подолги чекања на границите за превозниците, иако претседателот Алиу посочи дека тие постојано се жалат и бараат пофункционален и побрз начин на преминување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img