Home » Починато бебе однесено во струшката болница

Починато бебе однесено во струшката болница

by Журнал.мк

Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА директорот на болницата, Владимир Бунчески.

Причините за смртта, според него, треба да ги покаже обдукцијата.

Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, утрово во 8 часот и 30 минути било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, од страна на родителите од струшко село, било донесено нивното двомесечно бебе, без знаци на живот.

-Од страна на медицинска екипа, било пристапено кон реанимирање по што, доктор педијатар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото, лекар од судска медицина извршил обдукција при што, не се констатирани траги на насилство. Полициски службеници од ОВР Струга, извршија разговори со родителите, а потоа и увид во нивниот дом, изјави Димоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk