Home » Починат градежен работник од Албанија бил пронајден во објект на фирма во која работел во тетовско Порој

Починат градежен работник од Албанија бил пронајден во објект на фирма во која работел во тетовско Порој

by Журнал

Починат работник синоќа бил пронајден во градежен објект во тетовското село Порој. Според информациите од МВР, се работи за 43-годишен државјанин на Албанија.

„На 12.01.2024 во 19.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Порој, тетовско, во објект на градежна фирма, А.Н.(43) од Р.Албанија, кој бил вработен во истата фирма, бил пронајден починат. Oд страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“ соопшти МВР.

Телото на починатиот е предадено на обдукција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More