Home » Почина српскиот „крал на шеќерот“

Почина српскиот „крал на шеќерот“

by Журнал.мк

Почина Миодраг Костиќ, српски тајкун и еден од најбогатите луѓе во регионот. Костиќ почина денеска, 13 ноември, соопшти компанијата МК Груп, чиј основач и претседател беше Костиќ.

Костиќ, познат во јавноста како „српскиот шеќерен крал“, почина на 65-годишна возраст.

„Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп, кој во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што го заслужи меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа“, се наведува меѓу другото во соопштението на компанијата.

Костиќ пред пет години се повлече од чело на компанијата, а раководните должности му ги препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk