Home » Почина рускиот поет и голем критичар на Путин Лев Рубинштајн, пред шест дена го удри автомобил

Почина рускиот поет и голем критичар на Путин Лев Рубинштајн, пред шест дена го удри автомобил

by Журнал

Рускиот поет, есеист и социјален активист Лев Рубинштајн почина на 77-годишна возраст.

Лев Семјонович Рубинштајн почина во болницата каде што итно беше пренесен откако на 8 јануари во центарот на Москва автомобил удрил во него. Имено, во Рубинштајн на нерегулиран пешачки премин во Москва удрил автомобил управуван од 63-годишниот Александар Р, кој во изминатите месеци имал дури 12 сообраќајни прекршоци.

Рубинштајн бил итно пренесен во болница со скршеници и повреда на главата. Беше опериран, но и по интервенцијата беше во кома и приклучен на респиратор, потсетува РБЦ.

Првите дела на Рубинштајн беа објавени во западните земји, а тој стана „достапен“ за руските читатели дури на крајот на осумдесеттите. Меѓу попознатите дела на писателот се „Знаци на внимание“, „Јуња за сешетрум и други текстови“, „Цела година. Мој календар“ и „Домашна музика“.

Тој беше познат и како голем општественик. Пред речиси три години, тој го поддржа опозиционерот Алексеј Навални, а во март 2022 година потпиша отворено писмо во кое ја осудува руската „специјална операција“ во Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More