Home » ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ

ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ

by Журнал.мк

По кратко боледување, на 92 години вчера почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист, соопшти Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Цветковски, роден на 3 септември 1931 година во Сопотница, Демир Хисар, покрај во ДПМ членуваше и во Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието „Современост“.

Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии. Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Ги објавил поетските книги: „Моето поднебје“, „Кругови од лузни“, „Камен и небо“, „Бели несоници“, „Дедо ми во балканските војни“, „Кога ѕвездите кон небо паѓаа“, „Јазли на душата“, „Корени од прагот“, „Даги“, „Прекршено време“, „Сонето пратчувство“ и „Навите“, поетските избори: Врати во пејсажот, „Аманети“, „Распетие наше“, прозните дела „Ангелот и клучот“ и „Блиску до умот“, прозата за деца и млади: „Смокот пештерски“, „Рашко“, „Приказни од лозје“, критики и студии: „Видувања“, „Отаде и одавде времето“.

Автор е и на фолклористичките дела „Македонски народни пословици““, „Сказанија демирхисарски“, „Демирхисарски и други сказанија“ и на делата од областа на дијалектологијата и лексикографијата: „Студија за демирхисарскиот говор“, „ Речник на демирхисарскиот говор“.

ДПМ соопшти дека погребот на Цветковски ќе биде извршен денеска во 12 часот на градските гробишта во Битола.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More