Почина пациентка која утрово во лоша состојба не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, а потоа била вратена и од Карил.
Ова е скандал за кој мора да има одговорност!, велат од СДСМ.
Од опозициската партија бараат директорите на Карил и Инфективна клиника да излезат и да одоговорат зошто не е примена пациентката.
– Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако денеска уште рано СДСМ информираше за проблемот?
Пациентката не била примена бидејќи била позитивна на Ковид, за што е потребен респиратор. Но била одбиена бидејќи одделението за ковид пациенти се реновирало.
– Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката. СДСМ има точен увид во целиот случај и ќе го изнесе во јавноста доколку министерството и ДСЗИ се обидат да го забошотат, реагираат од СДСМ.
Го повикаа Министерството за здравство веднаш да го реши проблемот со прием на пациенти на интензивна нега во Инфективната клиника за да се спречет евентуални нови жртви.